MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)Светскта фудбалска елита се опроси од Диего Жота,

05/07/2025 17:58

Фудбалери на Ливерпул и на португалската репрезентација се собраа денеска во португалското гратче Гондомар на погребот на нивниот соиграч Диого Жота, кој загина заедно со својот помлад брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија во четвртокот.

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, голманот Каомиин Келехер и тренерот Арне Слот беа меѓу поранешните и сегашните соиграчи кои пристигнаа во Португалија доцна во петокот за да им оддадат последна почит на Жота и неговиот брат Андре Силва.

Ван Дајк и Енди Робертсон носеа венци во црвена боја. со броевите 20 и 30, со кои Жота настапуваше во Ливерпил, а неговиот брат во португалскито второлигаш Пенафиел.

На погребот беа и соиграчите на Диого од португалската репрезентација, со која неодамна ја освои Лигата на нации.

Жоао Мутињо, кој му беше клупски колега на Жота во Вулверхемптон положи венец во име на англискиот клуб на кој пишуваше: „Диого, твојата желба да се бориш и да победиш го осветли (стадионот) Молинју – семејството на Вулверхемптон“.

Рубен Невеш, кој вчера настапи во четвртфиналето на Светското клупско првенство со Ал-Хилал, исто така пристигна во Португалија, и беше неговиот единствен соиграч кој го носеше ковчегот до гробот.

Сопругата на Жота, Руте Кардосо, со која имаше три деца, беше придружувана од членови на семејството. Љубовта меѓу Жота и Руте датираше од детските денови, а се венчаа во Порто на 22 јуни.

error: Содржината е заштитена од копирање !!