Нормализиран сообраќајаот на Граничниот премин Блаце
08/07/2025 8:15
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце и граѓаните можат непречено да се движат во двата правци. Нормално функционира и граничниот премин Блаце.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на ГП Блаце, во двата правца се одвива нормално за автомобили, а наизменично движење за тешки товарни возила со хладњачи, додека за тешки товарни возила со церади движењето се уште е забрането.
Сообраќајот беше во прекин поради пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево.
Според информацијата на ЦУК заклучно со 21 часот, од 30 регистрирани пожари, активни се 10, еден е локализиран, а 19 се изгаснати.
Покрај во Чучер Сандево, активни се пожарите и во општините Прилеп: с. Бешиште (приземен во мешана шума), Македонски Брод 1: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки), Чашка: под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад во карпест дел, без активен пламен) Македонски Брод 2: н. Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ (опожарен магацин/хала со гуми и палети), Македонски Брод 3: с. Слатино (лисната постелка и ниска вегетација), Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума), Бутел: Визбегово, хотел Њу Стар (ѓубре), Крива Паланка: с. Жидилово (борова шума) и во Делчево: градската депонија (депонија).

![Cocтojбaтa со Koвид-19 cплacнyвa: Peгиcтpиpaни 10 нoви cлyчaи нa инфekциja – пoвтopнo нeмa пoчинaти лицa infektivna-klinika-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/infektivna-klinika-11.jpg)

![Се намали бројот на нови случаи на коронавирус, но повторно голема бројка на пoчинaти korona-makedonija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/04/korona-makedonija1.png)