MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Шведската полицијата застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм

07/10/2026 9:21

Полицијата застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм, откако тој агресивно се однесувал и се заканувал со оружје.

Инцидентот се случил синоќа, а мажот бил пренесен во болница со тешки повреди.

Пријавен агресивен маж со оружје

Според првичните информации, полицијата околу 18:30 часот добила дојава за агресивен маж во близина на Кралската палата.

Во пријавата било наведено дека лицето имало оружје и се заканувало.

Полицијата веднаш пристигнала на местото.

Погоден во ногата

При интервенцијата полицајците употребиле огнено оружје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MK!nformer (@mkinformer)

Мажот бил погоден во ногата, по што бил пренесен во болница.

Според информациите од шведските медиуми, неговите повреди се тешки.

СВТ: Мажот бил вооружен со нож

Шведскиот јавен сервис СВТ објави дека мажот бил вооружен со нож.

Засега нема информации за други повредени лица во инцидентот.

Истрагата треба да ги утврди сите околности под кои полицијата употребила огнено оружје.

Полицијата застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм, а тој со тешки повреди е пренесен во болница.

error: Содржината е заштитена од копирање !!