MKinformer

your daily dose of news

Филмска потера во Битола: Пукано кон полицијци со огнено оружје, едно лице е повредено

08/07/2025 10:49

Инцидент во Битола. Лице по кое трагало полицијата со огнено оружје пукало кон полицајци. Тие возвратиле при што лицето е повредено.

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола врши увид во битолско на локација каде едно лице по кое, според првичните сознанија, полицијата трагала, пукало со огнено оружје кон службени лица. Полициски службеник возвратил, при што лицето е повредено, по што е лишено од слобода и задржано на лекување под надзор, информираа од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител издава наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!