Ц. Звезда му нуди богатство на Тадиќ – плата во износ на целиот буџет на Вардар!
13/07/2025 19:10Клубот му испрати официјална понуда на поранешниот капитен на репрезентацијата, која би можела да му донесе заработка и до три милиони евра годишно – со сите бонуси вклучени. Спортскиот директор Митар Мркела потврди дека понудата е веќе доставена, при што шансите за договор со Тадиќ се оценети како повеќе од солидни (50-50). Црвено-белитему нуди на 35-годишниот офанзивец двегодишен договор, со опција за продолжување на уште една сезона.
Основната годишна нето плата изнесува 2,5 милиони евра, а дополнителните бонуси се повеќе од привлечни: 200.000 евра за пласман во Лигата на шампионите, по 30.000 евра за секој освоен бод во тоа натпреварување, како и по 5.000 евра за секој гол или асистенција – како во Европа, така и во домашните натпревари. За освојување на титулата во Суперлигата на Србија, Тадиќ би добил 30.000 евра, а уште 10.000 евра ако Црвена Звезда триумфира во Купот.






