Украинска тајна служба ликвидираше висок агент на руската ФСБ
14/07/2025 9:08
Украинската безбедносна служба СБУ соопшти дека е ликвидиран висок агент на руската ФСБ – полковникот Воронич – во операција изведена на руска територија, среде ден и под будното око на надзорните камери.
Според соопштението објавено во украинските медиуми, осомничени се две лица – маж и жена – кои биле задолжени да го следат движењето на целта, а потоа добиле координати до скривалиште каде што ги чекал пиштол со придушувач. Видеото што го објави СБУ покажува две тела, но не е потврдено колкумина агенти се елиминирани.
Медиумите наведуваат дека Воронич бил вмешан во тајни операции во окупираните украински територии и се верува дека учествувал во организирање на ненадејни упади на украински сили во рускиот регион Курск во 2023 година.
По атентатот во четвртокот, агентите се обиделе да се скријат, но биле пронајдени од украинската служба и руската полиција.
СБУ, инаку задолжена за државна безбедност и контраразузнавање, од почетокот на руската инвазија во 2022 година стана активен играч и во офанзивни операции против Москва. Во последните две години, неколку руски воени објекти беа саботирани, а високи руски личности беа цел на атентати.
Од друга страна, Русија во изминатите недели интензивираше воздушни напади врз Украина, вклучително и врз Киев. Нови напади со дронови беа регистрирани и во текот на неделата.




![Министерката на Трамп: Агенти сакале да депортираат канибал, тој почнал да се јаде во авионот tramp[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp1.jpg)

