MKinformer

your daily dose of news

Совет на Град Скопје, едногласно донесе декларација против насилството врз градоначалничката Данела Арсовска

17/07/2025 13:17

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше едногласно прифатена од сите советници, декларација за осуда на насилство врз институцијата градоначалник, насилство над жените и за почитување на законските мерки и процедури од надлежните органи, предложена од советничката група на СДСМ и коалицијата.

„Ја осудуваме секоја форма на насилство насочена кон институцијата градоначалник на Град Скопје и кон личноста што ја извршува оваа функција без разлика на нејзиниот пол, а особено насилството кон градоначалничката како жена што претставува двоен напад, врз институцијата и врз достоинството и безбедноста на жените во јавниот живот. Го осудуваме секое непочитување на законските процедури и механизми утврдени заради обезбедување ред, правда и безбедност на сите граѓани и функционери. Ги повикуваме надлежните органи да постапат согласно на нивните законски ингеренции, да ги истражат сите случаи на закани и притисоци насочени кон институцијата градоначалник на Град Скопје и кон градоначалникот како жена, да утврдат факти и да обезбедат целосна заштита“ – се вели во декларацијата

error: Содржината е заштитена од копирање !!