СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ
21/07/2025 9:11
Денес времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.





![Денес сончево со северен ветер, следната недела можни дожд и грмежи promenlivo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/promenlivo1.jpg)