MKinformer

your daily dose of news

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ

21/07/2025 9:11

Денес времето ќе биде  претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.

error: Содржината е заштитена од копирање !!