Нова рунда преговри Украина-Русија утре, најави Зеленски
22/07/2025 10:04
Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за утре во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на секретарот на украинскиот Совет за безбедност.
„Денеска разговарав со Рустем Умеров за подготовката за размена на затвореници и новата средба со руската страна во Турција“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
„Умеров извести дека средбата е планирана за среда. Повеќе детали ќе бидат достапни утре“, додаде Зеленски.
Умеров, кој сега е секретар на Советот за безбедност на Украина, ги водеше првите две рунди преговори со Русија како министер за одбрана.






