21 годишна девојка фатена со полни џебови дрога во Аеродром
23/07/2025 16:27
Полицијата пронајде дрога кај млада девојка.
Вчера во 23.20 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода И.С.(21) од Скопје.
При преглед кај неа и при претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






