Миа Костова: Во Скопје порано имаше ноќен живот и немаше сељачишта, не се слушаше Јелена Карлеуша
24/07/2025 9:28
Гостин во „Претрес со Ландов” беше инфлуенсерката Миа Костова.
„Си ја сакам Македонија и врзана сум тука. Ми стои во натална карта дека ќе вршам посериозна работа и ќе имам куп пари. Ова ми е најубавиот период, работам и уживам. Многу необразовани луѓе сега се милијардери”, рече Костова.
Таа вели дека „сељачизми” ја вадат од кожа, особено кога во коментари го вовлекуваат и нејзиниот син.Тоа се случи кога таа не дозволи синот да оди во школо на температура од 45 степени, без клима и го однесе на море.
„Порано Скопје имаше ноќен живот и немаше сељачишта. Немаше место каде се пушта Јелена Карлеуша. Не сум била никогаш да ја слушам“.






