MKinformer

your daily dose of news

ПРАВЕЛ БОМБИ СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА, ПЛАНИРАЛ НАПАДИ НА МЕНХЕТЕН

24/07/2025 10:47

Според американските власти, осомничениот Ган пренел бомби во Њујорк и складирал пет од нив – заедно со четири чаури за сачмарка – на покрив од зграда во престижната њујоршка населба Сохо. Целта му била да ја комбинира оваа муниција со импровизирани експлозивни направи.

Интересот на истражителите се засилил поради неговите објави на социјалните мрежи. На 27 март, тој оставил загрижувачки коментар на профилот на Доналд Трамп на платформата „Икс“, а пет недели подоцна, по објава на Инстаграм со зборовите „Кој сака да одам да си играм како да ќе нема утре?“, бил уапсен.

Иако сè уште официјално не се изјаснил за вина, Ган ѝ признал на истрагата дека нарачал преку интернет две хемиски соединенија за изработка на експлозиви. Дополнително, купил повеќе од 200 картонски цевки и 15 метри фитиљ. Еден од направените уреди содржел околу 30 грама експлозивен прав – што е 600 пати над дозволената граница за цивилна пиротехника.

ФБИ смета дека дејствувал сам. „Ган наводно создаде повеќе експлозивни направи со намера да ги искористи во Менхетн. Благодарение на неговата соработка со властите, беше спречена евентуална трагедија“, изјави Кристофер Раја, шеф на канцеларијата на ФБИ во Њујорк.

Истрагата открила вознемирувачки моменти. Еден сведок, воен ветеран, изјавил дека Ган му рекол: „Каков ветеран си ти? Гледаш проблем во твојата населба и не правиш ништо“, при што покажал кон еврејско училиште. Друг сведок прифатил да соработува со ФБИ и тајно ги снимал нивните разговори. Во еден повик, Ган признал дека веќе активирал уред во близина на Ист Ривер, што го исплашило и го натерало да размисли да се ослободи од останатите бомби.

Тој бил уапсен на 5 јуни, носејќи торба по улица, и изјавил дека токму тргнал да ги предаде уредите во противпожарна станица. По читањето на правата, признал дека бил опседнат со изработка на пиротехника и дека користел вештачка интелигенција за да дознае кои хемикалии да ги купи и како да ги комбинира.

error: Содржината е заштитена од копирање !!