Секоја чест за Република Чешка!
30/07/2025 9:02
Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка, вчера попладне пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје и од денес ќе се вклучи во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Готен, од беровската страна.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека хеликоптерот располага со ведро кое носи 3,4 тони вода, и дека неговата ангажираност ќе започне уште наутро.
Покрај чешкиот екипаж, во Берово се очекува да пристигнат и 62 пожарникари од Словенија, заедно со 18 специјализирани противпожарни возила.
Секоја чест за Република Чешка! Исто така секоја почит и за Словенија.





