Кина со прв ИТ модел за временска прогноза во вселената
01/08/2025 10:15
Кина го претстави првиот модел за предвидување на вселенски временски услови базиран на вештачка интелигенција, наречен „ФенгЈу“. Ова иновативно решение беше презентирано на Светската конференција за вештачка интелигенција што се одржа во Шангај.
„ФенгЈу“ е прв модел од ваков вид што ги опфаќа сите клучни области на вселенската прогноза – од сончевиот ветер, преку магнетосферата, до јоносферата. Моделот користи напредна ИТ архитектура што овозможува адаптација и надградба според идните потреби, објасни Ванг Џингсонг, директор на Националниот сателитски метеоролошки центар на Кина.
Новиот систем го надминува ограничувањата на традиционалните прогностички методи и има потенцијал да ги намали штетните ефекти од сончевите бури врз сателитските врски, GPS системите и другата клучна инфраструктура.
– Ова е првпат глобално да се спојат мултирегионални прогностички модели преку скали и нивоа, а целосно е развиен врз кинеска платформа за вештачка интелигенција – нагласи Ванг, оценувајќи го проектот како клучен чекор за идниот технолошки напредок на земјата.






