Уапсен маж од скопско, превезувал стока без документација
01/08/2025 11:13
Вчера околу 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Мирковци го лишија од слобода В.Р.(33) од село Танушевци, скопско.
При вршење на мотопатролна дејност, во село Кучевиште, скопско, полициските службеници запреле товарно возило „цитроен” со скопски регистарски таблички, управувано од В.Р. и при преглед на возилото констатирано е дека во него превезувал стока за која не поседувал никаква документација.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






