MKinformer

your daily dose of news

Македонскиот бизнисмен Душко Чифлиганец во критична состојба по несреќа на мото-трка во Чешка

03/08/2025 20:06

Македонскиот претприемач и страстен љубител на мотоспортот, Душко Чифлиганец (43), се наоѓа во критична состојба и се бори за живот по сериозни повреди здобиени за време на брзинска мотоциклистичка трка на автодромот во Брно, Чешка.

Според податоците од организаторите, Чифлиганец изгубил контрола врз својот мотор во една од свиоците со висока брзина, по што излетал од патеката и претрпел тешка трауматска повреда на главата.

Душко Чифлиганец, синот на Ванчо Чифлиганец, сопственик на „Адора“ групацијата, неофицијално, има повреди на главата и е приклучен на апарати.

error: Содржината е заштитена од копирање !!