Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД), соопшти дека денеска во 19:53 часот според локално време, во западниот дел на земјата, во регионот Баликесир, е регистриран земјотрес со магнитуда од 6,1 степени.
Трусот, чиј епицентар бил на длабочина од 11 километри и на 52 километри од градот Баликесир, бил почувствуван и во Истанбул, како и низ поширокиот регион на Мармара и Егејот.