MKinformer

your daily dose of news

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски: Кога има работа – има резултати!

12/08/2025 21:45

Денес ја посетив кулата на ул. Никола Парапунов бр. 5. Во 2023 одобривме 428.000 денари, а во 2024 уште 453.000 денари – средства со кои се целосно реновирани два лифтови. Тоа е вкупно 881.000 денари, односно околу 14.300 евра.
На лице место ме пречека Владимир Спиров, човекот што ја управува зградата; заедно ги прегледавме лифтовите и состојбата – зградата е во одлична форма, а новите лифтови сега се побезбедни, поефикасни и трошат значително помалку електрична енергија.
Ова е успешен пример: кога субвенциите на Општина Карпош се спојат со одговорно управување, резултатите се брзи и видливи. Со ваквите субвенции очекуваме во наредните 4 години сите лифтови во Општина Карпош да бидат целосно реконструирани – за граѓаните да имаат безбеден, модерен и економичен превоз во своите згради.
Ги советував станарите да аплицираат и за субвенции за кров – да го средиме и покривот и да ја заокружиме инвестицијата.
Кога општината и граѓаните работат заедно – има лифтови што возат, згради што напредуваат и нула изговори. Во Карпош – СЕ РАБОТИ!
Се вели во објавата на Фејсбук на Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски
error: Содржината е заштитена од копирање !!