Државата првпат ќе откупува македонска пченица за стоковни резерви
16/08/2025 17:42
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави оглас за откуп на домашна пченица за државните стоковни резерви.
Како што соопшти министерот Цветан Трипуновски, ова е првпат во Македонија да се спроведе ваква мерка. Според огласот, ќе се откупат 9.000 тони меркантилна пченица од реколтата 2025 година, по цена од 13 денари за килограм (без ДДВ).
„Продолжуваме да работиме за уште поголема поддршка на земјоделството,“ истакна Трипуновски преку својата објава на социјалните мрежи.




