MKinformer

your daily dose of news

(Ексклузивно видео) Голем пожар во Превеза – затворени патишта, воведена бесплатна фериботска линија

17/08/2025 0:21

Голем пожар беснее во регионот Превеза, во околината на Филипијада, каде што изгореа куќи, насади и дел од инфраструктурата.

Поради силниот ветер и брзото ширење на огнот, властите прогласија вонредна состојба и испратија повеќе пораки преку 112 за евакуација на населението.

Иониската автопатека е затворена, а пристапот кон Лефкада преку мостот е ограничен. За да се обезбеди движење, воведена е бесплатна фериботска линија која ќе функционира додека пожарот не биде целосно ставен под контрола.

Пожарникарите и службите за цивилна заштита апелираат граѓаните строго да ги следат насоките и да избегнуваат патување низ загрозените подрачја.

Екипа на МК ИНФОРМЕР, обезбеди ексклузивни снимки од пожарот

error: Содржината е заштитена од копирање !!