Без струја делови од Ѓорче Петров и Зелениково, а без вода дел од Карпош
20/08/2025 7:56
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од улиците Рафаел Батино, Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Стево Филиповиќ и Браќа Галеви во Општина Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Од 08:00 до 15:00 часот, струја ќе немаат и корисниците од ул. 2 во с. Зелениково.
Поради промена на три затворачи на водоводна мрежа, пак, вода од 09:00 часот ќе немаат корисниците на ул. Никола Парапунов бр. 15 во Општина Карпош.


![Прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје поради планирани зафати struja-1-640x427[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/struja-1-640x4271-1.jpg)



