Земјотрес од 4,4 степени ја потресе Романија, почувствуван и во Македонија
22/08/2025 15:12
Попладнево силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот бил во југозападниот дел на земјата, во близина на градот Таргу Јиу, на длабочина од околу 13 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во соседните земји Србија и Бугарија, а со послаб интензитет и во североисточниот дел на Македонија.





