Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во финална фаза – завршени 65% од работите
23/08/2025 14:02
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, соопшти утрово преку социјалните мрежи дека реконструкцијата на култната спортска сала „Работнички“ е во својата завршна фаза.
Според него, досега се реализирани 65% од градежните активности, а во моментов се работи на инсталациите, внатрешната финализација, како и на горните делови од објектот и фасадата.
„Федерациите ќе имаат современи услови за работа, КК ‘Работнички’ се враќа во својот дом, а Скопје добива современа спортска сала – како за спортистите, така и за публиката,“ истакна Герасимовски во својата објава.
Со завршувањето на проектот, Скопје ќе добие модерна спортска инфраструктура, а еден од најстарите и најпознатите спортски објекти ќе го врати својот сјај.






