MKinformer

your daily dose of news

Протести против блокадите низ Србија, Вучиќ на протест во Уб

23/08/2025 21:17

Во Србија денес се одржаа големи и мирни граѓански собири во 71 општина и град, со учество на речиси 70.000 луѓе, пренесува Косово онлајн. Настаните, организирани од Центарот за општествена стабилност, беа посветени на промоција на мирот, толеранцијата и општественото единство – вредности кои граѓаните јасно ги истакнаа како приоритет.

Многумина носеа транспаренти со пораки за силна и стабилна Србија, испраќајќи порака дека иднината ја гледаат во стабилност, а не во конфликти и поделби.

Директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ, изјави за Танјуг дека собирите поминале во најдобар ред, без ниту еден инцидент. „Нема повредени граѓани, нема повредени полицајци, ниту пак има оштетен јавен или приватен имот. Сѐ се одвиваше во мирна и позитивна атмосфера“, нагласи тој, посочувајќи дека ова е доказ за зрелоста и одговорноста на општеството.

Овие настани се продолжение на претходните собири од 21 август, кога во 49 места низ Србија се собраа околу 33.000 граѓани. И тогаш, како и сега, владееше мирна и достоинствена атмосфера, со јасна порака дека граѓаните ја поддржуваат стабилноста и се залагаат за иднина во која преовладуваат дијалогот и единството.

Србија со овие собири уште еднаш покажа дека нејзините граѓани знаат да го изберат патот на мирот и дека силата на заедништвото е најдобриот одговор на сите предизвици.

error: Содржината е заштитена од копирање !!