24 години од формирањето на ЕБР-Единица за брзо распоредување
23/08/2025 10:15
На градскиот плоштад во Кавадарци денеска, со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи свечено одбележување на 24-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
23 август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 24 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи. На настанот ќе има присуство на претставници на Владата, највисокото раководство на МВР, претставници на семејствата на загинати и починати припадници на ЕБР, како и припадниците на оваа единица.
Создадена во 2001 година по примерот на европските „сили за брза реакција“, менувајќи го неколку пати името и трансформирајќи се, таа воспостави високи европски полициски стандарди во својата работа, а нејзината улога во безбедноста на државата од ден на ден станува сè позначајна.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на настанот ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и досегашниот командант на ЕБР, Зоран Јанаќијев.





