MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди западниот дел на Турција

24/08/2025 21:09

Вечерва во 21:58 часот по локално време, во западниот дел на Турција беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 9 километри, во близина на градот Синдирги (Sındırgı), кој брои околу 11 илјади жители.

Според првичните податоци, потресот бил почувствуван и во пошироката област, вклучувајќи го и градот Баликесир, оддалечен 53 километри југоисточно, со население од над 230 илјади жители.

Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета, но локалните власти ја следат состојбата и апелираат до граѓаните на претпазливост.

error: Содржината е заштитена од копирање !!