MKinformer

your daily dose of news

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА ПОСЛЕ ПОЛНОЌ, ОВА СЕ НОВИТЕ ЦЕНИ

25/08/2025 19:06

Од полноќ стапува во сила новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со која малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0,64% во однос на последната одлука од минатиот понеделник.

  • Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1 денар по литар.

  • Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари по литар.

  • Единствено, малопродажната цена на Мазут М-1 НС се намалува за 0,378 денари по килограм и ќе изнесува 38,265 ден/кг.

⛽ Нови максимални цени од полноќ:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 ден/литар

  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 ден/литар

  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 68,00 ден/литар

  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 67,50 ден/литар

  • Мазут М-1 НС: 38,265 ден/кг

Според РКЕ, зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, додека курсот на денарот во однос на доларот бележи мало намалување од 0,123%.

error: Содржината е заштитена од копирање !!