MKinformer

your daily dose of news

Пољански: Неактивноста на Советот за безбедност на ОН во врска со „Северен тек“ ќе има последици

27/08/2025 8:56

Неактивноста на Советот за безбедност на ОН, по саботажата на гасоводите „Северен тек“, отвора врата за нови терористички напади ширум светот. Ова го предупреди заменик постојанот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, посочувајќи дека молкот на Советот испраќа „опасен сигнал“ до терористичките организации, дека можат да делуваат неказнето.

„Ако нема напредок во дискусиите за „Северен тек“, не може да се исклучи повторување на вакви сценарија во други региони. Одговорноста за тоа ќе падне врз сите членки на Советот“, изјави Пољански.

Тој остро ги критикуваше западните земји за двојни стандарди и отсуство на интерес за независна истрага, нарекувајќи го тоа „кратковидо и опасно однесување“ што ја дели заканата од тероризмот на „добри и лоши терористи“.

Во меѓувреме, италијанските карабињери уапсија осомничен во провинцијата Римини, кој според германските документи бил член на екипажот на јахтата „Андромеда“ и координатор на самата диверзија.

Гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“ беа оштетени во септември 2022 година со силни експлозии, а Москва и денес тврди дека намерното блокирање на истрагата служи за да се скријат вистинските организатори на нападот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!