MKinformer

your daily dose of news

Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

27/08/2025 15:59

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на претстојните пријателски натпревари против Саудиска Арабија (4 септември) и Лихтенштајн (7 септември).

Во составот се повикани четворица голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексоски.

Одбрана

Дарко Велковски, Езѓан Алиоски, Никола Серафимов, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски, Гоко Зајков и Стефан Деспотовски.

Среден ред

Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Лука Станковски, Тихомир Костадинов и Решат Рамадани.

Напад

Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Камиљи, Елмин Растодер и Димитар Митровски.

Овие натпревари ќе претставуваат важна подготовка за националниот тим во пресрет на следните квалификациски предизвици. Навивачите со нетрпение очекуваат уште една серија позитивни резултати од „црвено-жолтите“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!