НИЕ СМЕ ПРВИ АМА ХРВАТСКА ИНКАСИРА 3.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ГОДИШНО
28/08/2025 10:53
На Конференцијата на амбасадори, генерални конзули, конзули и воени претставници на Република Хрватска, министерот за економија Анте Шушњар ја истакна клучната улога на дипломатските претставници во промоцијата на земјата како сигурен економски партнер и атрактивна инвестициска дестинација.
Шушњар ги претстави трите стратешки цели на Министерството за економија:
-
привлекување инвестиции,
-
енергетска безбедност,
-
развој на модерна и отпорна индустрија и претприемништво.
Министерот нагласи дека во Хрватска досега се инвестирани повеќе од 54 милијарди евра странски инвестиции, од кои дури 32% се реализирани во последните пет години. Особено внимание посвети на растот на гринфилд инвестициите, како проектите на Јабил и FACC.
Попрецизно, Хрватска имала 17,28 милијарди евра странски инвестиции во последните години, што знали дека годишно инкасирала 3,5 милијарди евра годишно од странски инвестиции.
Според акциониот план за периодот 2024–2025, се предвидени 103 мерки во вредност од 364 милиони евра за подобрување на деловната клима, преку административни олеснувања и намалување на парафискалните давачки.
Хрватска вложува над 1,4 милијарди евра во енергетска инфраструктура, а производствената индустрија учествува со 20% од БДП, вработувајќи околу 230.000 луѓе. Одбранбената индустрија брои околу 3.000 вработени и остварува годишен извоз од приближно 70 милиони евра.
„Хрватска е сигурен партнер, привлечна инвестициска дестинација и земја што гради иновативна и отпорна економија“, порача Шушњар, повикувајќи ја дипломатската мрежа да го искористи своето познавање на деловните култури за промоција на хрватските претприемачи и лобирање за отстранување на трговските бариери.






