MKinformer

your daily dose of news

Пожар кај село Церово (Општина Желино)

28/08/2025 22:13

Пожарот кај село Церово моментално се шири кон Карпалак и скопскиот регион. Засега нема загрозени населени места или објекти.

Екипите на терен работат на локализирање на пожарот, а директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамед Али, ја следи ситуацијата од терен и е во постојана комуникација со теренските екипи. Утре наутро се планира интервенција и со воздушни средства, а авион-ер тракторот ќе биде ангажиран рано изутрина.

Сите засегнати служби остануваат на терен и ја следат состојбата за брза и ефикасна реакција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!