MKinformer

your daily dose of news

ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор

04/09/2025 9:22

Во изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територијата на државата се регистрирани 23 пожари на отворен простор. Според податоците од Центарот за управување со кризи, еден пожар е ставен под контрола, додека сите останати се целосно изгаснати.

Под контрола е пожарот на планината Кожуф, во Општина Гевгелија. Изгаснати се повеќе пожари на различни локации низ државата, вклучително и во општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково и Македонски Брод.

Најмногу интервенции имало во општина Гостивар – четири пожари, потоа во Кичево три, а по два пожари се пријавени во Долнени, Липково и Старо Нагоричане.

error: Содржината е заштитена од копирање !!