MKinformer

your daily dose of news

Трамп најави нов самит на Г20 во својот имот во Флорида: „Би сакал и Путин да дојде“

06/09/2025 10:14

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека следниот самит на Г20 ќе се одржи во Мајами, во неговиот имот „Трамп Нешнал Дорал“, познат по своите голф-терени.

„Голема чест е што повторно по речиси две децении, САД ќе бидат домаќини на Г20. Локацијата е идеална, блиску до аеродромот и со одлични услови за ваков настан“, изјави Трамп од Белата куќа, нагласувајќи дека нема да има лична корист од организацијата и дека би сакал на самитот да присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

Агендата ќе биде подготвена од секретарот за финансии Скот Бесант, додека директорот на Националниот економски совет, Кевин Хасет, ќе биде главна контакт-точка за координација.

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, го поздрави изборот на градот како домаќин, истакнувајќи дека тоа е историски момент и голема чест за локалната заедница и за целата американска нација.

Форумот Г20, основан во 1999 година, обединува најголеми светски економии кои заеднички дискутираат за глобалните економски предизвици. Земјите членки учествуваат со околу 85% од светското економско производство и 75% од меѓународната трговија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!