Сончево и топло со слаб и умерен ветер
06/09/2025 8:16
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец.
🌡 Температури:
-
Минимална: од 7 до 18°C
-
Максимална: од 28 до 36°C
🌆 Скопје
Во главниот град ќе преовладува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
-
Минимална температура: 15°C
-
Максимална температура: 35°C
📅 Наредни денови
Според УХМР, во следните денови под влијание на висок воздушен притисок ќе преовладува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност.



