MKinformer

your daily dose of news

Пожарот во Виница под контрола, повредените се во стабилна здравствена состојба

07/09/2025 17:31

25 лица побарале лекарска помош во Кочанската болница после пожарот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. 18 од нив се хоспитализирани, од кои четворица пожарникари во Кочанската болница со изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје и еден во Штипската болница заради вдишување на чад. Директорката на Кочанската болница вели дека сите се во стабилна состојба и со изгореници на стапалата и екстремитетите, спасувајќи го штипскиот пожарникар кој симнувајќи се од кровната конструкција настапнал во врелата смеса од растопениот шеќер.

Осуммината во Скопската клиника се од редот на вработените на возраст од 23 до 53 години, две се жени. Извршени им се сите испитувања и се во добра состојба. Пожарот кој вчеравечер зафати три погони од фабриката во Виница е под контрола, а во гаснењето учествуваа пожарникари од целиот регион.

error: Содржината е заштитена од копирање !!