MKinformer

your daily dose of news

ХАОС КАЈ МАВРОВО: Судар на 8 возила, петмина повредени

08/09/2025 18:55
Screenshot

Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровската крстосница кон Гостивар, во која учествуваа осум возила – четири мотоцикли и четири патнички автомобили.

Според првичните информации од полицијата, најмалку пет лица се повредени. Несреќата била пријавена нешто пред 16 часот во ОВР Гостивар, во услови на засилен сообраќај поради празничниот ден.

Поради увидот што е во тек, сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат, а возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта – преку каменоломот „Прогрес“ и месноста Панорама кај Вруток.

Засега нема детали за карактерот на повредите на настраданите ниту за причините за несреќата. Полицијата апелира до возачите да ги почитуваат насоките на службените лица и да возат внимателно.

error: Содржината е заштитена од копирање !!