Охриѓанец запалил глисер на својот брат – огнот зафатил и зграда и автомобил
10/09/2025 8:45
Во Охрид е приведено лице осомничено дека предизвикало пожар на глисер во сопственост на неговиот брат, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пламенот од пловилото се проширил и зафатил дел од станбена зграда, како и едно патничко возило.
Лицето, со иницијали З.С., било задржано во полициска станица и во разговор со службените лица признало дека стои зад настанот.
Од МВР информираат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава по целосно документирање на случајот.


![Изгоре автомобил на бизнисмен во Македонија - Ветрот запалил уште две коли pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)



