MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: Девет нови игралишта во Карпош – чисти и безбедни за децата

16/09/2025 12:36

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој воедно е и кандидат за нов мандат на претстојните локални избори во 2025 година, информираше преку својот Фејсбук профил дека во општината се градат девет нови детски игралишта.

„Проверив лично – нов песок, нови лизгалки, нови лулашки. Безбедно и чисто, како што заслужуваат нашите деца. Три игралишта веќе се готови, а за две недели сите девет ќе светат“, напиша Јакимовски, истакнувајќи дека Карпош не чека, туку работи за подобар живот на граѓаните.

Со овие нови содржини, општината дополнително инвестира во квалитетот на урбаниот живот, создавајќи простор за рекреација, игра и дружење на најмладите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!