(ВИДЕО) Пироманите кои го трујат Скопје фатени на дело!
16/09/2025 9:20
Рано утринава беше подметнат пожар во сервис за автомобили во Стаклара, населба Пинтија во општина Кисела Вода, при што биле опожарени поголем број на возила.
Како што можe да се види од самото видео, маж ја прескокнува оградата ги полива автомобилите и потоа ги потпалува и истиот бега од местото на настанот.
За ова неможе да се кажe дека е изолиран случај, бидејќи постојат сомнежи дека сите настанати пожари во Вардариште, Дрисла, и Трубарево организирано се подметнати а со цел да предизвикаат револт кај граѓаните на Скопје токму пред локалните избори во месец октомври.
Пожарот бил изгастат од страна на противпожарната бригада, а причинета е голема материјална штета.






