MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски до ВМРО-ДПМНЕ: Карпош не е експеримент, кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош?

28/09/2025 12:22

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа.

Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира со државниот буџет. Преку фирмата Алкалоид Конс се набавуваат лекови за Онкологија – па нека проверат зошто доцнат терапиите и колку тендери имаат добиено. Таму лежи вистинската приказна.

Докторите од Онкологија имаат многу што да кажат. Јавноста има право да знае дали профитот и договорите им се поважни од здравјето на пациентите.

Затоа, наместо да измислуваат лаги за Карпош, нека одговорат на едно едноставно прашање:
👉 Кој профитира од тендерите за лекови и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош?

Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент на нивните школски другарчиња. Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае.

✊ Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив.

Стевчо Јакимовски

error: Содржината е заштитена од копирање !!