Две деца убиени, две тешко повредени во престрелка
05/10/2025 9:07
Две деца, на возраст од 4 и 13 години, се убиени, а уште две се тешко повредени и во критична состојба откако беа застрелани на бензинска пумпа во близина на Англтон, Тексас, соопштија локалните власти.
„Замениците на шерифот одговорија на пријавата за пукање во саботата. Покрај двете деца кои беа убиени, уште две деца, на возраст од 8 и 9 години, беа повредени и однесени во болница во критична состојба“, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Бразорија, пренесува ABC News.
Во соопштението се вели дека истражителите собираат докази и работат на утврдување на фактите околу нападот.
„Сите лица за кои се верува дека се вклучени се во притвор и нема активна закана за заедницата“, се вели во соопштението на канцеларијата на шерифот.






