Овие делови од Скопје денес без струја и вода
07/10/2025 8:23
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, денеска (петок) делови од Скопје ќе останат без електрична енергија, како што следува:
-
⏰ 08:20 – 12:30 часот: дел од корисниците на ул. 1 во населба Радишани (Општина Бутел)
-
⏰ 09:00 – 12:00 часот: корисниците на ул. Горно Лисиче, на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче (Општина Аеродром)
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека поради уличен дефект на бул. „3-та Македонска Бригада“ бб, ќе има прекин во водоснабдувањето на објектите:
-
Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во Општина Аеродром.
💧 Прекинот ќе трае од 08:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.




