MKinformer

your daily dose of news

Дали Мицкоски се пишмани? ПОСЛЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ РАЗМИСЛУВАЛО ДАЛИ ДА СЕ ОДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ

08/10/2025 18:59

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Бизнис форумот во Струмица изјави дека, по можната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, постои логична основа да се размислува за распишување предвремени парламентарни избори и обезбедување нов четиригодишен мандат. Сепак, како што нагласи, конечната одлука ќе зависи од државниот, а не од партискиот интерес.

По овие локални избори очекувам нов инвестициски бран и силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, можеби и поголема од онаа во 2021 година. Тоа природно отвора прашање за предвремени парламентарни избори, но ние не гледаме сè низ призма на политика. Наш приоритет е државата и интересот на стопанствениците, за тие да имаат стабилна и предвидлива иднина. Политичкиот интерес доаѓа дури потоа. Сепак, прво треба да се случат изборите, па потоа ќе одлучуваме, изјави премиерот.

На форумот присуствуваа бројни стопанственици од регионот, како и министри од Владата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!