MKinformer

your daily dose of news

Арсовска со саркастична порака до премиерот: „Премиере, кажи му на Луке дека снимките од Владата ви излегуваат побрзо од вестите!“

22/10/2025 17:00

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска на своите социјални мрежи упати остра, но саркастична порака до премиерот и Владата, обвинувајќи ги за хаос и недоследност во институциите.

„Премиере, не ви функционира Владата, кажи му на Луке дека снимките од безбедносните камери во Владата ви се појавуваат во јавност побрзо од официјалните информации“, напиша Арсовска, додавајќи со потсмев дека „одма знаат кои медиуми и луѓе јадат сендвичи од штаб и се платени од вас“.

Со ироничен тон, таа се осврна и на најавената акција на МВР, Финансиската полиција и Обвинителството, која според неа требало да се однесува на „криминали вредни над 225 милиони евра“ поврзани со општина Чаир и градоначалникот Висар Ганиу.

„Отидов до Влада, МВРО ВМРО и Финансиска полиција да видам како решиле да се борат со криминалот, ама излезе дека сите биле на состанок во партија, не било за Чаир“, додаде Арсовска, завршувајќи со забелешка дека институциите очигледно се поактивни во политички активности отколку во справување со корупцијата.

Изјавата на Арсовска повторно го отвори прашањето за (не)функционирањето на институциите и за селективниот пристап на власта кон борбата со криминалот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!