MKinformer

your daily dose of news

Кина поставува нови стандарди: само образовани инфлуенсери ќе смеат да зборуваат на стручни теми

26/10/2025 21:42

Кина воведе строги и напредни регулативи со кои ги уредува активностите на инфлуенсерите и креаторите на содржини на интернет. Според новите правила, само лица со универзитетска диплома и проверливи компетенции ќе смеат јавно да зборуваат на стручни и чувствителни теми, како што се право, финансии, образование и здравство.

Овој потег има за цел да го подигне квалитетот на јавната комуникација и да спречи ширење на дезинформации и непроверени совети кои можат да ја збунат јавноста. Со тоа, дигиталниот простор во земјата добива повисоко ниво на професионализам и одговорност.

Властите исто така воведуваат и строги санкции за прекршителите: оние што нема да ги почитуваат правилата ќе се соочат со суспензија или затворање на својата сметка, како и парична казна од 100.000 јуани, што е околу 13.000 евра.

Овој модел веќе се оценува како пример за тоа како државата може да го насочи интернетот кон поодговорна и едукативна употреба, каде влијанието оди рака под рака со знаењето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!