🌤️ Прогноза: Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 17 степени
05/11/2025 8:32
🌦️ Денеска
Денес времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Минимална температура: од 5 до 8 степени
-
Максимална температура: од 12 до 17 степени
🌧️ Скопје
Во главниот град се очекува променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен северен ветер.
-
Минимална температура: 7 °C
-
Максимална температура: 15 °C
🔮 Времето во наредните денови
Во среда и четврток, во утринските часови има услови за појава на магла.
Од четврток вечер до понеделник, под влијание на влажна воздушна маса, ќе следи период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.




