MKinformer

your daily dose of news

Уште еден жртва на сообраќајот: Тракторист загина во кавадаречко откако му се преврте тракторот

07/11/2025 17:32

Трагичен инцидент се случи утрово околу 9 часот на локалниот пат кон село Дреново, кога трактор управуван од 53-годишниот С.Д. од истото село излетал од патот.

Според првичните информации, при излетувањето од коловозот, возачот паднал од тракторот и бил прегазен од машината, при што починал на самото место.

На местото на несреќата пристигнала екипа на Итната медицинска помош од Кавадарци, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Увид на терен извршиле полицијата и јавен обвинител, а телото на загинатиот е предадено на обдукција.

Според првичните проценки, станува збор за несреќен случај, но истрагата ќе го утврди точниот причинител на трагедијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!