MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди западниот дел на Турција

10/11/2025 9:59

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Трусот е регистриран во 06:41 часот по средноевропско време (09:41 по локално време), со епицентар на координати 39.135° северна географска ширина и 28.290° источна должина, на длабочина од 10 километри.

Според податоците, епицентарот се наоѓа 67 километри југоисточно од Баликесир, град со околу 238.000 жители, и околу 22 километри северно од Ѓордес, место со население од околу 11.000 жители.

Засега нема информации за жртви или материјална штета, но земјотресот бил почувствуван во повеќе населени места во регионот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!