Маjка од Кавадарци уапсена по напад врз своето шестмесечно бебе
10/11/2025 13:50
Полициски службеници од СВР Скопје утрово, околу 06:10 часот, ја лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци, под сомнение дека физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 00:37 часот во семејниот дом. Повреденото бебе било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Полицијата спроведува мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава против мајката.

![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)



